Англија и официјално ќе има шест клуба во Лигата на шампионите следната сезона

by riste
1 минути читање

Англиските екипи оваа година со голем успех играат во Европа, а тоа им носи две екстра позиции во Лигата на шампионите.

Откако првата ја заработија поради клупскиот ранкинг, втората е од фактот што победник во Лига Европа ќе биде англиска екипа па и таа ќе игра во Лигата на шампионите.

Покрај првите пет на табелата, место во елитното натпреварување ќе има и за победникот од дуелот меѓу Тотнем и Манчестер Јунајтед.

Англичаните оваа сезона не се изборија за финале во Лигата на шампионите, но имаат двајца финалисти во Лига Европа и еден во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани