Англија доби смешна казна за инцидентите на мечот со Данска

by
0 минути читање

УЕФА истражуваше неколку инциденти кои ги направија англиските навивачи. Попречувањето со ласер на Каспер Шмајхел од страна на англиски навивач, свиркањето за време на данската химна и неколку запалени факели.

За сето тоа, Фудбалската асоцијација на Англија ќе треба да плати само 30.000 евра.

Како за споредба Унгарија ќе плати 100.000 евра и ќе игра три меча на домашен терен без публика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×