82
Англија го загуби
големото финале на Европското првенство кое се играше на нивен терен, поточно
на арената „Вембли“ во Лондон, откако Италија беше подобра на пенали.
Пред самото
финале се случи вистински хаосот кој го приредија навивачите на „Гордиот албион“,
а сето тоа откако беа срушени барикадите по што следеше насилно влегување на
трибините за да го проследат во живо големото финале.
„Гордиот албион“
доби казна од УЕФА со тоа што ќе игра еден натпревар во Лигата на нации без
публика, а доколку се повтори сличен инцидент во следните две години, на
Англичаните им се заканува дополнително уште еден меч без публика.