Ангеловски: Жалам за поразот, никогаш не сме создале повеќе шанси против ваков противник

by
1 минути читање

Македонија одигра одличен меч на гостувањето кај Романија, не само што му париравме на противникот туку во поголем дел од мечот бевме и подобра селекција. Но реализиравме само две од многуте создадени шанси што не беше доволно за да се избегне пораз.

„За еден тренер е жалосно кога неговиот тиим ќе создаде толку шанси, и на 0-0 и на 2-0, но на крајот нема да освои ниту бод. Сепак, гостувавме кај селекцијата која е главен кандидат за второто место во групата и покажавме дека можеме да се носиме со еден таков ривал. Овој пораз не сме да не поколеба за следните натпревари“, вели Ангеловски.

„Клучно беше тоа што немавме реализација, ни недостасуваше завршница. Не паметам дека некогаш сме креирале толку многу шанси против ваков противник. Мислам дека бевме добро поставени и при нивниот последен гол, но сепак топката среќно дојде до Хаџи кој погоди. Само поради нереализираните шанси не дојдовме до бод“.

Следниот натпревар на Македонија е во недела во Скопје против селекцијата на Лихтенштајн со почеток од 20:45 часот.

Фото: Игор Паневски – ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани