590
Македонија не успеа да дојде до трета последователна победа во овој репрезентативен термин, загубивме од Ерменија и не успеавме да се пласираме во Лигата Б од Лигата на нации.
„Жалам што не се пласиравме во Лига Б. Требаше да победиме, клучно беше првото полувреме кога не ги искористивме шансите. Примивме наивен гол. Не сме задоволни од тоа што се случуваше на теренот, но треба да ги сфатиме фудбалерите кои одиграа три меча за седум дена. Сепак ние ја загубивме оваа битка, но главната цел ја остваривме, се пласиравме на Европското првенство“, изјави селекторот Ангеловски по мечот.