Ангеловски: Секој кој заслужува е во репрезентацијата

by
1 минути читање

Ангеловски денеска го објави списокот за мечевите против Романија, Лихтенштајн и Германија.

„Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност. Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а  тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа“, изјави Ангеловски. 

Македонија квалификациите ги почнува во Букурешт против селекцијата на Роанија на 25. март, три дена подоцна го пречекуваме Лихтенштајн во Скопје, па на 31. март гостуваме кај Германија во Дуизбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани