Ангеловски: Се надевам дека позитивниот тест на Барди ќе биде единствената лоша вест во подготовките за ЕП

by
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна подготовките за Европското првенство. За жал без Енис Барди кој е позитивен на ковид-19.

„Најнапред жалам што овие подготовки кои сите со нетрпение ги чекавме започнаа со една непријатна вест. И од тука сакам да испратам порака до Енис Барди дека сите членови на А репрезентацијата стоиме зад него, најпрво да помине без никакви симптоми и што побрзо да го добие тој негативен тест и да ни се приклучи во репрезентацијата. Се надевам дека ова ќе биде единствената лоша вест во овие подготовки“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

„Што се однесува до останатите репрезентативци, сите оние што беа планирани да пристигнат се пристигнати, Адеми, Пандев и Столе Димитриевски ќе се приклучат подоцна. Се надевам дека ќе одработиме едни добри подготовки и подготвени ќе отидеме за Букурешт“.

„Од првиот момент кога застанав на оваа позиција кажав дека секој собир е значаен и дека секој натпревар е значаен кога се игра за репрезентацијата, така е и сега без разлика што се работи за подготовки за Европско првенство. Пристапот мора да биде ист како и претходно, ништо поразлично од досега не практикуваме и не сакаме да примениме, како што беше досега, така ќе се подготвуваме и сега за Европското првенство“.

„Двата подготвителни натпревари ќе ги искористиме за воигрување на некои тактички варијанти, тоа се тренинг, подготвителни натпревари се со цел тактички да бидеме подготвени без разлика што ние сме долго време заедно, долго се познаваме со фудбалерите и доволно ги имаме разработено сите тактички варијанти, но еве можност пред самото европско првенство да одиграме и два контролни, пријателскки натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани