Ангеловски пред мечот со Романија: Имаме емоции, Букурешт ќе биде и наш домаќин за ЕП

by
1 минути читање

Македонија утре со почеток од 20:45 часот во Букуршт против Романија ги почнува квалификациите за Светското првенство. Романската метропола е и градот каде што ќе одиграме два меча од Европското првенство.

„Најпрво сакам да му посакам добро здравје на романскиот селектор, да добие негативен тест и утре да ја води својата репрезентација. Што се однесува до нас, ние секогаш сме имале проблеми со составот, но ако функционираме како тим можеме да го покриеме секој изостанок. Моја задача е да го надополниме секое отсуство“, вели Ангеловски на денешната прес конференција.

„Романија има одлични играчи, без разлика што настапуваат на ЕП У21, сите му се ставија на располагање на сениорскиот тим. Но, во Лигата на нации и во квалификациите за ЕП игравме добро со селекции од овој калибар и посилни, па не гледам причина и утре да не биде така“.

„Имаме одредени емоции поради тоа што Букурешт ќе биде наш дом и на Европското првенство. Доаѓаме во пријателска земја, ова е одлична можност да ја почувствуваме атмосферата и верувам декак романскиот народ ќе биде наш подржувач на ЕП“. 

Фото: Игор Паневски – ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани