Македонија во значително променет состав ќе се обиде да остане непоразена против Ерменија против која ни е доволен и бод за да го освоиме првото место кое ќе не однесе во Лига Б од Лигата на нации.
Селекторот Ангеловски дополнително ги повика, капитенот на Вардар, Дарко Мицевски, Душко Трајчевски од Докса, двајцата се играчи од средниот ред и десниот бек на Македонија Ѓорче Петров, Томе Китановски.
Ангеловски за мечот со Ерменија нема да може да смета на Бобан Николов и Стефан Спировски кои се суспендирани поради жолти картони, Алиоски и Елмас нема да играат поради повреди, нема да патува ниту Кире Ристевски.
Од претходно Македонија остана без Барди и Адеми кои се повредени, Горан Пандев се врати во Џенова, а ослободен беше и Димитриевски кој и онака е суспендиран поради црвен картон.
Натпреварот против Ерменија се игра на Кипар во среда со почеток од 18 часот.