Македонија од сомнителен пенал во судиското продолжение успеа да дојде до бод против Грузија, мечот заврши 1-1. Можеби се ќе беше поинаку ако Димитриевски не добиеше црвен картон во 68. минута од мечот.
„Овој натпревар покажа дека Македонија никогаш не се предава, без разлика што имавме играч помалку. Навикнавме на истиот противник, на иста игра, така беше и на првиот меч. По којзнае кој пат покажавме карактер. Браво за сите, почнувајќи од капитенот па до последниот член на репрезентацијата. Не е елсно да се играат три меча за толку кратко време, кој играше со аналгетици, кој со лекарска помош… Ги остваривме двете цели, го победивме Косово, а во новата група сме први“, изјави Ангеловски.
Тој го прокоментира и црвениот картон на Димитриевски, вели дека му викал да игра со нога.
„Никогаш индивидуално не критикувам никого, од него побарав да интервенира со нога. Мислам дека сите го слушнаа тоа затоа што немаше публика“.
Фото: ФФМ – Игор Паневски