Ангеловски: Ова е натпревар кој го чекаме 30 години

by
2 минути читање

Македонија утре со почеток од 20:45 часот го пречекува Косово во исклучително важен натпревар, полуфинален бараж од Лигата на нации, со победа ќе дојдеме на само уште еден меч до пласман на историско Европско првенство.

„Ако во нешто сум сигурен тоа е дека ќе ги видите нашите момци во максимално издание, зашто овој натпревар го чекаме 30 години. Сигурен сум дека ќе бидат на најдобро на ниво. Нормално дека играме во малку необични услови, но тоа не е ничија вина. Сите посакувавме овој меч да се игра пред полн стадион, затоа што предноста на домашен стадион е тоа, меѓутоа условите се такви и за нас и за нив и ќе се обидеме во нив да го одиграме најдобро што знаеме. Се подготвуваме сите максимално за овој натпревар, знаеме што значи овој меч за нас. Жално е што нема да има публика, жал ми е и што има иограчи што отсуствуваат. Да беа и двете екипи комплетни ќе беше одличен натпревар. Што е тука е , ќе одиграме најдобро што можеме“, вели селекторот Ангеловски.

„Мислам дека ова е своевидно финале и знаеме дека нијанси одлучуваат кога се играат натпревари од вака важен карактер. Утре е важно покрај желбата да останеме мирни, тактички она што ќе го договориме да го одиграме и мислам дека нијанси ќе решаваат,  а на крајот тие ќе бидат на наша страна и сите ќе се радуваме“.

„Треба да останеме ладни, ова е натпевар како и секој друг, 11 на 11. Оној пристап што го имаме за сите репрезентации ќе го имаме и за Косово. Ги анализиравме добро, кои се нивните добри, кои се лоши страни, ќе се обидеме да ги искористиме. Свесни сме за она што го направивме во изминативе години, сами се донесовме во ваква ситуација, да играме за ЕП, но тоа само ни дава мотив да дадеме повеќе, да го извадиме последниот атом од нас за да успееме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани