Ангеловски: Не сум човек што калкулира, со победа да го заокружиме овој циклус

by
1 минути читање

Откако „црвено-жолтите“ обезбедија историски пласман на Европско првенство, целта сега е првото место во групата и промоција во Лига Б од Лигата на нации.

За ваков успех, потребно е само реми на гостувањето во Кипар против Ерменија, но проблем е тоа што ќе имаме многу отсуства. Пандев и Димитриевски се ослободени, Барди, Адеми, Алиоски и Елмас се повредени а Николов и Спировски се суспендирани.

Но и покрај тоа, селекторот Игор Ангеловски најавува дека нема калкулации и верува дека играчите кои отпатуваа во Никозија се подготвени со победа да го завршат овој циклус.

„Не сум тренер што калкулира, особено не да играм нерешено. Можеби тоа ми е маана. Не сум човек што се жали, и порано сме имале повредени, суспендирани и не сме се жалеле. Имаме доволно квалитет, играчите кои се тука се подготвени да покажат зошто се тука. Секој позитивен резултат не носи во Лига Б, и тоа е многу важно. Целта е прво место, да се заокружи овој циклус со победа“ – вели селекторот на Македонија.

Фото: ФФМ – Игор Паневски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани