571
Несторовски го навлече гневот на македонската јавност откако по постигнатиот гол опцу на камерата, па на пресот по мечот селекторот Ангеловски беше запрашан за коментар.
„Не го видов тој момент, не можам да коментирам, кога ќе го видам тогаш може да прокоментирам“, изјави селекторот.
Што се однесува до натпреварот, тој е задоволен од победата и играта.
„Предвидувањата се остварија, забележавме голема победа. Резултатот ни дозволи да направиме измени и да ги сочуваме дел од силите. Кога ќе дадете пет гола, мора да бидете задоволни“.