Ангеловски ќе биде нов тренер на Џенова!?

by
1 минути читање

И покрај големите успеси кои ги има со Македонија, Ангеловски е постојано понижуван од ФФМ добивајќи краткорочни договори. По историскиот пласман на ЕП, наместо да добие понуда од федерацијата за побогат и подолгорочен договор, тој во еден момент не знаеше ни дали ќе биде селектор, а потоа доби само шестмесечен договор со исти примања.

Но, очигледно некаде на друго место повеќе ги ценат успесите на Ангеловски, па тој почна да се поврзува со тренерското место на Џенова.

Италијанскиот новинар, Алфредо Педула тврди дека Ангеловски би можел да биде следниот тренер на Џенова.

И покрај тоа што на одличен начин Балардини избори опстанок, веројатно нема да остане на тренерското столче и следната сезона, а на негово место би можел да дојде Ангеловски.

Доаѓањето на Ангеловски на клупата на Џенова ќе значи и продолжување на кариерата на Горан Пандев за уште една сезона.

„Во моментов сум фокусиран само на Европското првенство и не сакам да зборувам за други работи. За останатото, кога ќе дојде време“, му рекокл Ангеловски на Педула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×