Репрезентацијата направи историски успех, се пласираше на Европско првенство, но е во лош однос со Фудбалската федерација на Македонија.
Двете страни договориле состанок за надминување на недоразбирањата, но претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини е позитивен на ковид-19, па засега средбата е одложена.
„Се крена многу прашина на релација ФФМ – репрезентација, многу не советуваа дека треба нешто да преземеме. Се јавив кај претседателот за да дојде да поразговараме за недоразбириањата и да ги надминеме. Се договоривме да се сретнеме во саботата, но тој не дојде иако вети дека ќе дојде. Време е да се обединиме и да одиме заедно кон ЕП. Еве и јавен повик за средба за да се надминат недоразбирањата“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Потоа од ФФМ објавија дека Муамед Сејдини во петокот добил симптоми, а тестот покажал дека е позитивен на ковид-19 и тоа е причината поради која состанокот не се одржал.