Нови играчи со составот на репрезентацијата се Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија Ѓорче Петров и младинскиот стопер Агрон Руфати кој поради жолти картони не може да игра за Македонија У21 против Израел.
Ангеловски нема да може да смета на Бејтулаи, Тошевски и Адеми поради повреди од претходно, на листата на повредени се приклучи и Стефан Спировски, поради жолти картони нема да игра Барди, а и Муслиу е суспендиран и за овој меч. Ослободен од обврските е Ферхан Хасани.
Мечот од четвртото коло од Лигата на нации против Грузија го играме во среда со почеток од 20:45 часот. Еден месец подоцна со истиот противник во Тбилиси го играме финалниот натпревар за плсман на Европското првенство.