Ангеловски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари за СП 2022

by
1 минути читање

Македонија квалификациите ги почнува во Букурешт против селекцијата на Роанија на 25. март, три дена подоцна го пречекуваме Лихтенштајн во Скопје, па на 31. март гостуваме кај Германија во Дуизбург.

Селекторот објави проширен список поради актуелната пандемија на коронавирус која може да доведе до откажување на некои играчи.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички).

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија).

Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија).

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција). 

Подготовкитие почнуваат на 22. март во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани