Ангеловски: Барди, без тебе не тргнуваме во Букурешт!

by
0 минути читање

Во пресрет на стартот на подготовките за Европското фудбалско првенство, Енис Барди доби позитивен тест на ковид-19. Навивачите и сите во националниот тим се надеваат дека нашиот фудбалер навреме ќе се опорави и ќе настапи на големото натпреварување.

Поддршка преку социјалните мрежи му даде селекторот Ангеловски.

„Сите сме со тебе Барди. Без тебе не тргнуваме во Букурешт“, напиша селекторот Ангеловски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани