80
Македонската фудбалска репрезентација оствари историски успех, а по мечот селекторот Ангеловски го спореди Пандев со Александар Македонски.
„Ние имаме еден Александар Велики кои ни го оспоруваат, но Горан Велики не можат да ни го оспорат“, изјави Ангеловски.
„Им благодарам на сите фудбалери, ја оправдаа мојата доверба и на крајот потврдија дека сум донел вистински одлуки. Благодарност и до Барди и другите момци кои денеска не можеа да ни помогнат но имаат големи заслуги за овој успех“.
„Игравме за нашата национална гордост. Двата натпревари кои претходно ги игравме против Грузија ни помогнаа. Пандев постигна прекрасен гол кој не однесе на Европско првенство“.