183
Карло Анчелоти составил поширок список за натпреварите на Бразил против Еквадор и Парагвај, стратегот повик доставил до речиси 50 фудбалери, во составот има и играчи како Нејмар и Оскар.
Карло Анчелоти иако се уште е тренер на Реал Мадрид, ја направил првата прозивка како селектор на Бразил.
За натпреварите против Еквадор и Парагвај во квалификациите за Светското првенство, стратегот повикал речиси 50 фудбалери.
Медиумите откриваат дел од имињата и на списокот има повратници како Нејмар и Оскар, но и дебитант како Игор Паишао од Феенорд.
Се очекува финалниот состав да биде објавен за една недела, односно на 26. мај.