Анчелоти: Винисиус е исклучителен, има нешто посебно во него (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кај Винисиус се забележува огромен напредок оваа сезона, досега тој постигна 11 голови во сите натпреварвања сезона и разви одлично партнерство со Бензема.

Синоќа повторно блесна, со прекрасен гол му донесе победа на Реал Мадрид и заработи пофалби од Карло Анчелоти.

„Тој е исклучителен. Тој е фудбалер кој има нешто посебно во него, во неговото стопало и во неговата физика“, вели Анчелоти.

„Тоа што ме изненади за Вини е квалитетот на постигнатиот гол“.

„Неговиот квалитет во ситуации еден на еден е многу силен, но тоа што ме изненадува е квалитетот во постигнувањето на головите“.

„Тој е на еден чекор до најдобрите во светот. Важната работа е да бидете фокусирани и ефективни во натпреварот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×