Предводникот на
Барселона, Роналд Куман се соочи со доста непријатни сцени по поразот од Реал
Мадрид на свој терен откако навивачи на каталонскиот клуб го испратија од
стадионот со низа навреди, а удираа и по неговото возило во кое беше и неговата
сопруга.
Холандскиот
фудбалски стратег јавно доби поддршка од својот ривал од клупата на „Кралевите“,
Карло Анчелоти, кој смета дека постојат граници кои не смеат да се преминуваат.
„Се чувствувам
лошо за Куман, тој не требаше да помине низ сево ова, тој не е тренер, туку
личност чија работа е да биде тренер, а тоа што има недостаток на почит значи
дека ние имаме проблем во општеството“ рече Анчелоти.
„Ние како тренери
мораме да ги прифатиме критиките, но ние не смееме да молчиме за тоа што нема основна почит во овој случај“ додаде тој.
„Кога бев млад,
бев учен дека доколку сакате да бидете почитуван, тогаш треба да покажете почит“ заклучи искусниот италијански фудбалски стратег.