Анчелоти: Тортата е веќе направена, останува уште шлагот!

by
1 минути читање

Наполи утревечер
на Енфилд го чека голем предизвик, гостува кај Ливерпул кој има фантастична
сезона, барем досега во Премиерлигата, каде е на врвот од табелата без ниту
еден пораз.

Калчолигашот во
групата „Ц“ од Лигата на шампионите е прв со 9 бода, следат ПСЖ со 8, односно
Ливерпул со 6 бода, Карло Анчелоти, шефот на стручниот штаб на Наполи упати
пофалби за Енфилд и атмосферата на трибините на таа арена, но, тој додаде дека
сите посакуваат да играат во таква атмосфера.

Тоа е преубав
стадион, еден од најдобрите во светот, сите знаат за пасијата на нивните
навивачи, но, одлично е да се играат вакви натпревари на вакви стадиони
“ рече
Анчелоти.

Не се плашиме,
сите сакаат да играат пред таква публика, Ливерпул ќе има многубројни фанови на
трибините, но, Наполи ќе има околу 3000 навивачи на трибините, и уште 40
милиони низ светот кој ќе навиваат за нас
“ додаде Италијанецот.

Анчелоти верува
дека неговата екипа ќе го задржи првото место во својата конкуренција, ПСЖ
гостува кај Црвена звезда, а тој пред само некоја седмица истакна дека никој не
е на сигурно во оваа група, алудирајќи на тоа дека натпреварите во Белград не
се баш лесни за секоја екипа.

Ова е голем
тест, тортата е веќе направена, сега останува уште шлагот!
“ порача
Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани