Анчелоти сепак ќе добие засилување од Франција, Реал го договори фудбалерот кој беше желба на ПСЖ

by
1 минути читање

Изминативе денови имаше многу шпекулации за трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, но се чини дека една ваква зделка нема да се реализира, барем не ова лето.

ПСЖ одбива да преговара и покрај тоа што „кралевите“ доставија три понуди, последната вредна околу 200 милиони евра.

Карло Анчелоти сепак ќе добие засилување од Франција, голем број на извори вечерва пренесоа дека Реал Мадрид е пред ангажман на Едуардо Камавинга од Рен, начелно е постигнат договор за трансфер вреден 30 милиони евра.

18 годишниот Французин важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа и подолго време е мета на гигантите ширум „стариот континент“, ПСЖ со месеци се поврзуваше со негов ангажман но Реал Мадрид е тој кој прв стигна до неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×