Анчелоти се правда пред навивачите на Евертон: Ми се укажа неочекувана шанса, ова е прав потег за мене и моето семејство

by
1 минути читање

Карло Анчелоти
прави сензационален кам-бек на „Сантијаго Бернабеу“. Италијанецот иако имаше уште
три години од договорот со Евертон, денеска раскина со „карамелите“ за да гo наследи Зинедин Зидан на кормилото на Реал Мадрид.

„Сакам да му се
заблагодарам на бордот на директори, играчите и навивачите за огромната поддршка.
Уживав во Евертон, но ми се укажа неочекувана шанса и верувам дека ова е прав
потег за мене и моето семејство“
– гласеше изјавата на Карло Анчелоти во
соопштението со кое Евертон ја потврди разделбата.

Искусниот стратег
потоа се огласи и на социјалните мрежи: „Сакам да му се заблагодарам на
Евертон, играчите и навивачи што ми укажаа прилика да бидам тренер на овој
фантастичен клуб. Решив да заминам бидејќи имам предизвик со тимот кој секогаш
ќе биде во моето срце, Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×