Анчелоти се мајтапел со Бензема пред мечот со Челси: Вечерва нема да играш…

by
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа славеше со 1-3 на гостувањето кај Челси во четвртфиналето од Лигата на шампиони, играч на натпреварот беше Карим Бензема, напаѓачот постигна хет-трик.

Во разговор со Амазон Прајм, Карло Анчелоти откри како се мајтапел со Французинот пред почетокот на мечот.

„Кога излеговме од автобусот, му кажав дека нема да игра бидејќи ја немаше акредитацијата… За среќа ја најде подоцна“ – вели Карло Анчелоти со насмевка на лицето.

Ова не е прв пат Карло Анчелоти вака да тера мајтап со своите фудбалери. Кристијано Роналдо пред неколку години откри детали од стилот на Италијанецот.

„Ќе дојдеше и ќе ми речеше, „Кристијано ти утре одмараш“. Јас сакав да играм на секој натпревар, сите го знаеа тоа, па ќе почнев да се лутам и да прашувам зошто нема да играм. Тој постојано ми кажуваше една иста работа за на крај да ми рече, „Утре ќе одамраш до три, натпреварот се игра од четири“ и ќе почнеше да се смее“ – раскажува ЦР7.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани