Анчелоти: Проблемот со Иско е комплициран

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Карло Анчелоти признава дека проблемот со Иско е
комплициран, а на 29 годишниот фудбалер актуелниот договор со клубот му
истекува идното лето, па се шпекулира дека би можел да си замине уште во
јануарскиот преоден рок.

Тоа е
комплициран проблем, како на лично ниво, така и на техничко, фудбалерот немаше
можност да ги покаже своите способности бидејќи тимот беше во можност да
испорача резултати и без него
“ рече Анчелоти.

Не е само Иско
по тоа прашање, има повеќе кои се засегнати како Начо, Валверде, Камавинга,
Марсело… Добрите резултати ги потисна нив, тие немаат доволно минутажа, но од
професионален аспект немаше никакви недоразбирања
“ додаде искусниот италијански
фудбалски стратег.

Не сум му лут на Иско, како што прочитав низ дел од
медиумите, сите го прифатија фактот дека на тимот му оди добро, според планот,
но тие тренираат напорно и одлично, ја чекаат својата шанса
“ подвлече Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×