157
Карло Анчелоти смета дека вчерашниот пораз во Лигата на шампионите против Лил може да се искористи добро за Реал Мадрид, да значи повик за будење.
Пред вчерашниот натпревар со Лил, Реал Мадрид беше во серија од 36 мечеви без пораз, сега таа неверојатна низа е прекината.
„Што се случи вечерва? Тие беа подобро и ние треба да научиме од ова. Јасно е што треба да подобриме. Изгледаше како да напредуваме и денеска се вративме чекор назад. Тоа што ме загрижува е дека не оставивме добар впечаток вечерва. Не е проблем тоа што играме среда и недела, треба да напредуваме“, вели Анчелоти.
„Поразот е добар за нас. Ова е повик за будење. Игравме многу лошо. Нема потреба од изговори, мора да напредуваме и тоа е тоа“.