Анчелоти открива зошто го одбил Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Вечерва Евертон го пречекува Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Карабао Купот, па Анчелоти одговараше и на прашање поврзано со можноста во минатото да биде тренер на црвенитие ѓаволи.

„Сакате да дознаете и од мене? Во ред. Можам да кажам дека се уште имам фантастичен однос со Сер Алекс Фергусон. Се сретнавме кога тој реши да се пензионира, тој сакаше јас да го наследам, но во тоа време бев блиску до Реал Мадрид и одбив. Освен таа, не сум имал друга можност да бидам тренер на Манчестер јунајтед“, вели Анчелоти.

„Манчестер јунајтед е фантастичен клуб, со фантастичен тим, сум имал многу битки против Сер Алекс Фергусон кога бев тренер на Челси“.

„Имам голема почит за Јунајтед како клуб, тоа е историски клуб како Милан, Реал Мадрид…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×