Реал Мадрид на
одличен начин ја стартуваше новата сезона во Примера, откако на шест натпревари
досега запиша пет, победи, а има и едно реми, па има повеќе причини за
задоволство кај Карло Анчелоти.
Сепак, за време
на пресконференцијата во пресрет на утревечерното гостување кај Еспањол,
Анчелоти беше запрашан и за ситуацијата во лутиот ривал Барселона, која под
водство на Роналд Куман не игра на посакуваното ниво.
„Ги гледам
натпреварите, го сакам фудбалот секако, не сум среќен кога некој тим има лош
период, видете, јас се фокусирам на моите обврски во клубов, ништо повеќе од
тоа“ рече Анчелоти запрашан за ситуацијата со лутиот ривал.
„Не сум среќен
доколку работите не функционираат за некој тим, без разлика на тоа дали се
работи за Барселона или некој друг клуб“ додаде искусниот италијански фудбалски
стратег.