Анчелоти вели дека не му било тешко да го подготви тимот за дуелот со ПСЖ бидејќи мечот е толку голем да не мора дополнително да ги мотивира.
„Единствениот притисок кој го имаме е соочување со голем тим каков што е ПСЖ, но тоа повеќе е мотивација отколку притисок“, вели Анчелоти.
„Не е тешко да ги подготвиш фудбалерите за ваков натпревари, сите тие се многу мотивирани“.
„Двата тима ќе се обидат да продуцираат шанси кога имаат посед и ќе се обидат да го загрозат противникот со контри. Нашиот фудбал е многу сличен“.
„Имаме самодоверба. Овој натпревар е доволно добар за да биде и финале во Лигата на шампионите. ПСЖ е еден од нашите главни ривали за освојување на овој куп и ќе се обидеме да ги елиминираме“.