Рубен Аморим конечно вистински се израдува по натпревар на Манчестер јунајтед, неговите момци остварија победа за паметење.
Јунајтед победи со епски пресврт и остана во игра за трофејот од Лига Европа, а Аморим не го криеше задоволството.
„Звукот на стадионот за головите на Коби Мајно и Хари Мегваер беше најдобриот звук кој некогаш сум го слушнал“, рече Аморим по мечот.
„Многу луѓе сакаат да задржуваат дресови, јас само сакам да го задржам тој звук. Тоа е најдобриот звук во светот“.
Кога Лион поведе со 4-2, дел од фановите на Манчестер јунајтед решија да заминат од Олд Трафорд и го пропуштија историскиот пресврт.
„Жал ми е за луѓето кои требаше да заминат на 4-2 поради сообраќајот. Тие ќе бидат разочарани“.
„Ова е вид на момент кој може да промени многу работи. Понекогаш ние се фокусираме на тактичкиот и физичкиот аспект. Но ваквите моменти можат да променат многу во менталитетот на фудбалерите“.