Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим практично му „удрил клоца“ на Алехандро Гарначо пред целиот тим и му порачал на Аргентинецот дека нема иднина на Олд Трафорд.
Алехандро Гарначо беше еден од фудбалерите кои го кренаа гласот по поразот на Манчестер јунајтед од Тотнем во финалето во Лига Европа.
Младиот напаѓач изјави дека сезоната била „срање“ и се пожали на слабата минутажа, односно зошто одиграл само 20 минути во Билбао.
На Рубен Аморим не му се допаднале коментаторите, решил да покаже кој е главен и практично му „удрил клоца“ на Алехандро Гарначо пред целиот тим.
На еден од тренинзите по финалето во ЛЕ, тренерот му порачал на фудбалерот: „Моли се на Бога да најдеш клуб кој ќе те купи!“.
Со ова, Рубен Аморим ставил јасно до знаење дека нема да смета на Аргентинецот, и тој ќе треба да ја промени средината во летниот преоден рок.
ФОТО: X/Manchester United