Рубен Аморим летово ќе го крои Манчестер јунајтед по свој терк и како што пренесуваат медиумите, стратегот решил да ги пречкртал Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Алехандро Гарначо, овие играчи нема да бидат дел од турнеата во САД.
Рубен Аморим го презеде кормилото на „ѓаволите“ на сред сезона, па имаше потешкотии да ја примени својата визија и тимот да игра онака како што тој замислува.
Португалецот летово ќе го крои Манчестер јунајтед по свој терек, ќе носи засилувања кои ќе се вклопат во неговите засмили, но и ќе ги пречкрта оние кои не се во неговите замисли.
Неколку извори пренесуваат дека први на листата за отстрел се Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Алехандро Гарначо, тие нема да бидат дел од турнејата во САД.
Ова и не е некое големо изненадување, четворицата поради различни причини не се во преден план на Олд Трафорд и се бара купци за нивните услуги.