Аморим донел одлука – двајца сигурно го напуштаат Манчестер јунајтед!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед со натпреварот против Астон вила ја заврши една од своите најлоши сезони во историјата во која заврши на 17-тото место во Премиер лигата, полоши од избраниците на Аморим сезонава беа само екипите кои се преселија во понизок ранг.

Во таква ситуација се очекуваат големи промени на „Олд Трафарод“, а како што изгледа две заминувања се потврдени и тоа на Алехандро Гарнчо и Андре Онана. Двајцата без некоја посебна причина не беа во составот за последениот натпревар. од ссезоната.

Овој чекор јасно укажува дека двајцата фудбалери не се дел од плановите за следната сезона. Гарначо веќе неколку месеци се поврзува со можен трансфер, а иако во зимскиот преоден рок одлучи да остане, неговата иднина во Манчестер е сѐ понеизвесна.

Што се однесува до Онана, Камерунецот не ги оправда очекувањата по доаѓањето како замена за Де Хеа, а Аморим веќе разгледува опции за нов чувар на мрежата.

Фото: Manchester United/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани