Алваро Мората постигна деби-гол во дресот на Галатасарај (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанскиот репрезентативен капитен Алваро Мората го постигна премиерниот гол во дресот на Галатасарај.

Искусниот напаѓач донесе израмнување за гигантот од Истанбул во второто коло на Купот во Турција на гостувањето кај Болуспор. По проигрување од Демир, Мората од пеналтикот пласира во мрежата за 1-1 во 21. минута.

Во продолжението Галатасарај постигна уште три гола и стигна до сигурен триумф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани