Ливерпул и Челси
ремизираа во дербито на колото изминатиот викенд во англиската Премиерлига, а
еден детал од дербито особено ги налути навивачите на „Сините“ од Лондон.
Челси во самиот
финиш од првото полувреме остана со играч помалку откако Рис Џејмс со рака
спречи гол на домаќинот, а потоа Мохамед Салах биеше умешно од белата точка.
Навивачите на
Челси лансираа петиција со тоа што побараа судијата Ентони Тејлор повеќе да не
биде делител на правдата за натпреварите на нивниот омилен клуб, а бекот Маркос
Алонсо иако најпрво означи на социјалните мрежи дека му се допаѓа фотографијата
објавена на петицијата, Шпанецот потоа го повлече тој потег, меѓутоа истиот не
остана незабележителен во јавноста.
