Барселона одново
се врати во игра за потписот на Маркос Алонсо од Челси, според известувањата од
Шпанија, каде тврдат дека 30 годишниот бек би можел да се пресели во дресот на
каталонскиот гигант.
Алонсо одигра
само 17 натпревари за Челси изминатата сезона во сите конкуренции, со тоа што
успеа да постигне два гола, а „Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона веќе
воспоставила контакт со Челси околу прибирање на првичните информации околу
достапноста на Шпанецот.
Се верува дека
Барселона уште во јануари се обидела да го ангажира левиот бек на позајмица, а
сега Каталонците одново се вратија во игра за неговиот потпис, а наводно сакаат
да внесат конкуренција во тимот на таа позиција каде засега незаменлив е Жорди
Алба.