67
Репрезентативецот на
Македонија во селекцијата за фудбалери до 21 година, 20 годишниот дефанзивец
Дин Аломеровиќ потпиша за „Б“ тимот на Селта, а стави потпис на две ипол
годишна соработка со овој клуб.
Аломеровиќ настапуваше
за третолигашот на Шпанија, Фуенлабрада, но реши да го промени дресот со клуб
од истата конкуренција, кој се наоѓа на четвртото место на табелата, а да го
напушти првопласираниот.