Алкантара конечно го постигна првиот гол за Ливерпул, „црвените“ славеа против Саутемптон (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Ливерпул често
знае да киксне на Енфилд во последно време, но денеска избраниците на Јирген
Клоп ја завршија работата и ги осигураа трите бода.

Мане донесе
водство од 1-0 по половина час игра, а за потврда на триумфот се чекаше до
самиот финиш кога Тиаго Алкантара прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за
својот прв гол во дресот на „црвените“ и победа од 2-0.

Со овие три бода,
Ливерпул останува во трката за топ четири пласман, има шест бода помалку од Лестер
но и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×