Алисон беше херојот на Ливерпул, но не поради одбрани, туку поради тоа што даде гол за победа во 95. минута. Овој триумф ги става црвените во позиција сами да одлучуваат за пласманот во топ четири со оглед на тоа дека Челси и Лестер имаат меѓусебен дуел.
„Не можам да бидам посреќен отколку што сум сега. Влегов во шеснаесетникот за да повлечам некој дефанзивец и да им создадам повеќе простор на моите сограчи, но никој не ме следеше и имав среќа и благослов, понекогаш некои работи не можеше да ги објасните“, вели Алисон.
Овој момент беше посебно емотивен за Алисон поради неодамнешната смрт на неговиот татко. Поради тоа голманот на Ливерпул имаше огромни емоции, плачеше по мечот.
„Фудбалот е мојот живот… се надевам дека мојот татко таму некаде го виде голот и со Бог заедно го прославува“.
„Долго време не давав интервјуа бидејќи ми беше тешко, секогаш сум многу емоционален на таа тема. Но сакам да ви се заблагодарам на сите вас, на сите во Премиерлигата, фудбалери и тимови, добив писма пример од Евертон, Манчестер Сити, Челси… Сакам да м се заблагодарам, ако не бевте сите вие, никогаш немаше да можам да поминам низ оваа ситуација“.
„Прославата? Не знам како да прославам. Се надевам дека нема да има потреба многу често да доаѓам напред и да давам голови“.