Алиоски заминува од Лидс, веќе се договорил со друг клуб

by
1 минути читање

Според „Фудбал Инсајдер“, Алиоски има преддоговор со Галатасарај.

Договорот на македонскиот фудбалер истекува по крајот на оваа сезона и тој веќе слободно може да преговара со други клубови. Алиоски тоа и го направил и се договорил со Галатасарај.

Лидс му понуди нов договор, но тој не беше доволно добар за да се убеди Алиоски да стави потпис на нова соработка со англискиот клуб.

Условите кои му ги понудил Галатасарај се подобри и Алиоски одлучил да ја продолжи кариерата во Турција.

Алиоски за Лидс има одиграно 162 натпревари, постигнато 22 гола и направено 16 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани