Алиоски во необично интервју: Ако бидам тренер ќе личам на Мурињо

by
1 минути читање

Тренерки или одело? Одело.

Формација? 4-2-3-1

Зонска одбрана или човек на човек? Човек на човек.

Каков стил на фудбал би играл твојот тим? Пресинг и би сакал да играат добар фудбал.

На кој тренер би личел најмногу? Жозе Мурињо.

Кој од сегашниот состав на Лидс би бил твој асистент? Ми треба повеќе од еден. Би ги земал Гаетано Берарди, Понтус Јансон, Самуел Саиз и Калеб Екубан. Ми требаат за различни позиции, Берарди може да му покаже на тимот како треба да се бори и Понтус би бил мој бодигард.

Играш против твојот најголем ривал, дали би ги фалел или би бил смирен? Би ја смирил ситуација, натпревар како секој друг.

Каква казна би вовел? Никаква, фудбалерите ќе можат да прават што сакаат, се додека се фокусирани на играта.

Која активност за подобрување на атмосферата би ја вовел? Сноубординг.

Во Премиерлигата си, што преферираш пласман во квалификациите за Лигата на шампионите или освојување на ФА Купот? ФА Куп. Секогаш е добро да освоиш нешто и ФА Купот е важен трофеј. Во Лигата на шампионите можете да бидете извлечени во тешка група и да завршите уште во групната фаза, па за мене поважно е да се освои нешто отколку ништо.

Можете да потпишете со било кој голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач во светот, кои би биле тие? Буфон, Рамос, Модриќ, Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани