Алиоски: УЕФА нека ја анализира снимката и нека реши дали треба да го казни Арнаутовиќ, јас не разбрав што ми зборуваше

by
1 минути читање

УЕФА денеска покрена постапка против Марко Арнаутовиќ кој наместо да прослави нормално, почна да го пцуе Алиоски.

Нашиот фудбалер вели дека не разбрал добро што рекол Арнаутовиќ, па остава случајот да го решава УЕФА.

„Имавме некои расправии во текот на натпреварот, препирки, со Марко Арнаутовиќ, што е нешто нормално на секој меч. Најдобро од сѐ е што разговаравме после мечот, се поздравивме. Не сакам да шпекулирам што мене ми се слушна и подобро е УЕФА да види сѐ. Тие ги имаат снимките, може да ги видат, па нека анализираат. Јас не можам точно да кажам што чув, зашто беше тешко да разберам. Но, на секој меч има вакви ситуации и во жарот на играта е сето тоа. Ако се испостави дека има основа за дисциплинска постапка, па нека решава УЕФА“, рече Алиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани