Како „загревање“ за настапот на ЕП, Македонија направи вистинска сензација откако ја совлада Германија на нејзин терен, победа која одекна силно во светот.
„Влеговме со голема желба бидејќи знаевме дека нема што да загубивме, тоа беше шанса да го покажеме нашиот квкалитет. Одигравме многу добро тактички и остваривме победа која долго ќе се памети. Ниту една балканска репрезентација не победила во Германија. Тимот кој четирипати бил светски шампион беше поразен од малата Макдонија. Треба да уживаме во тоа и верувам дека оваа победа секогаш ќе се памети, но за да одиме на Светско, треба уште еднаш да ја победиме Германија“, вели Алиоски.
Како одминува времето македонската репрезентација игра се подобро и подобро.
„Тајната на успехот? Имаме многу квалитетни индивидуалци, имаме многу талент во составот. Стартните 11 играат надвор од Македонија и верувам дека тоа ни помага многу. Организацијата е екстремно добро. Претседателот Сејдини, селекторот, играчите. Се функционира добро. Имаме многу самодоверба, 5-6 години играме заедно и не сме само колеги, туку сме вистински пријатели, имаме единство во групата“.
За нешто повеќе од два месеци Македонија ќе го почне историскиот настап на Европското првенство.
„Се уште е рано да го чувствуваме Европското првенство, но мислам дека кога ќе дојде тој момент ќе имаме многу емоции, дури и Пандев кој има освоено Лига на шампиони. Тоа ќе биде чувство какво што не сме искусиле претходно, но таму ќе истрчаме со голема желба бидејќи ова е прво учество и не се знае кога ќе биде следното. Треба да уживаме“.