Лидс и Алиоски
практично го отпишаа Тотнем од трката за Лигата на шампиони, попладнево на „Еланд Роуд“,
Македонецот беше асистент во победата од 3-1.
Резултатот беше отворен во 13. минута, по една
лоша реакција на Регилон, Далас рутински реализираше за 1-0. Гостите брзо одговроија, по еден брз против
напад, Сон изедначи на 1-1 во 25. минута. Сепак, во финишот на првиот дел, гостите убаво проиграа по левата страна а Алиоски го проигра Бамфорд за 2-1.
Во продолжението
од мечот, двете екипи имаа свои шанси а сите дилеми беа решени во финишот од
мечот, по една контра, Родриго го матираше Лорис за 3-1.
По овој меч, Лидс
може да се пофали дека дома не загуби во пресметките со големата шесторка во
Премиерлигата.