Алиоски се плаши од реакцијата на фановите на Лидс па побарал да не биде соопштено дека оди во Галатасарај

by
1 минути читање

Македонецот ги
одработува последните месеци од договорот со Лидс и често има шпекулации за неговата
иднина. Пред неколку месеци се пишуваше дека тој кариерата ќе ја продолжи во
Галатасарај, а овој месец се појавија гласини и за трансфер во Наполи.

Според турскиот „Фотомак“,
Езгјан Алиоски ја одбрал Галатасарај и се е договорено за преселба
во Истанбул. Официјално соопштение не е испратено бидејќи Езгјан Алиоски го
побарал тоа.

Фудбалерот
стравува од реакцијата на фановите на Лидс, кои имаат голема омраза кон
Галатасарај откако двајца фанови на „белите“ беа избодени до смрт во Истанбул
во 2000 година. Па затоа Езгјан Алиоски го замолил раководството на Галатасарај
да не го објави трансферот и да почека да заврши сезоната во Премиерлигата.

„Фотомак“ додава
дека Македонецот на маса има нов договор од Лидс, но не е задоволен од финасиските
детали и одбил да ја продолжи верноста. Платата која ја понудила Галатасарај
била далеку попривлечна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×