Алиоски од пенал во 93. минута ја спаси Македонија од пораз против Грузија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во натпреварот кој може да се сфати и како предигра на она главното кое ќе се случува на 12 ноември кога со Грузија ќе се бориме за плсман на Европско првенство, одигравме реми 1-1.

Првиот дел помина без многу шанси, повеќе тоа беше тактичко надмудрување со неколку незначајни обиди и на двете страни.

Во вториот дел првата посериозна можност ја имавме преку Бобан Николов кој биеше силно од далечина, но голманот Лорија го одбрани неговиот удар.

Клучниот момент кој го промени ритамот на мечот се случи во 68. минута кога нашиот голман Димитриевски надвор од својот шеснаесетник играше со рака, судијата му покажа директен црвен картон, Македонија остана со играч помалку.

Грузија веднаш потоа тргна по победа, најпрво ја погодија стативата од голот на Шишковски, а брзо потоа преку Кваратшелија постигнаа убав погодок за водство од 1-0.

И покрај тоа што имавме играч помалку, нападнавме кон израмнување, тоа вроди со плод во судиското продолжение кога Зајков беше соборен во шеснаесетникот на Грузија, а судијата покажа на белата точка за нас.

Алиоски прецизно го изведе пеналот и донесе реми за Македонија кое може да биде многу значајно за освојување на првото место во групата.

По четири одиграни кола сме први со шест бодови колку што има и Грузија, Ерменија има пет, Естонија два.

Фото: ФФМ – Петр Стојановски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани