Речиси никој не очекуваше дека мечот меѓу Лидс и Арсенал може да заврши без голови, двата тима ги краси офанзивна игра, но мрежите мируваа.
Езгјан Алиоски го одигра целиот меч, тој беше во центарот на вниманието откако изнуди црвен картон од Пепе. Играчот на Арсенал направи глупост, го удри со глава нашиот фудбалер, кој го искористи моментот, падна, а судијата му го покажа патот кон соблекувалната на Пепе.
Во продолжението Лидс се обидуваше да ја искористи предноста која им ја овозможи Алиоски, но не успеа да го совладаат Лено. Имаа неколку одлични шанси, два пати ја погодија пречката, еднаш стативата, но ниту еднаш мрежата.
Арсенал имаше две прилики од контра напади, но не успеаа ниту тие да постигнат гол.