Алиоски избран за Играч на месецот во Лидс, доби дури 73% од гласовите на фановите! (ФОТО)

by
1 минути читање

По критиките кои ги добиваше за бледите партии, Езгјан Алиоски блесна минатиов месец и постигна четири погодоци, по еден на секој натпревар во ноември.

Популарниот „Џани“ погоди во поразот од 3-1 кај Брентфорд, во победата од 2-1 над Мидлзбро, во поразот од 4-1 кај Вулверхемптон и во победата од 0-2 кај Барнсли.

Па негативните коментари беа заменети со пофалби, кои резултираа со избор на Езгјан Алиоски за Играч на месецот.

Дури 73% од гласовите на фановите завршија зад името на Македонецот, кој до признанието стигна пред Самуел Саиз и Понтус Јансон.

Езгјан Алиоски исто така доби и награда, часовник од лимитирана серија на спонзорот Луј Ерар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани